Gamze Türkoğlu Oğuz
21 Јуни 2018•Ажурирај: 22 Јуни 2018
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Социјалната мрежа Инстаграм воведе новитет во апликацијата за бесплатно споделување на фотографии и видеа, кој ќе биде атрактивен за младите, јавува Anadolu Agency (AA).
Новата апликација, наречена IGTV, ќе овозможи видеата на Инстаграм, кои досега беа ограничени на времетраење од 1 минута, да бидат со времетраење до 10 минути. Од Инстаграм информираат дека голем број корисници, преку своите профили, ќе бидат во можност времетрањето на видеоклипот да го продолжат до 1 час.
Се истакнува дека апликацијата IGTV за Инстаграм е она што Јутјуб (YouTube) претставува за Гугл (Google), и се претпоставува дека во иднина би можел да стане конкурент на Јутјуб.
Инстаграм, кој Фејсбук (Facebook) го купи во 2012 година, постои речиси 8 години и има околу 1 милијарда корисници.