Barış Seçkin
09 Мај 2021•Ажурирај: 10 Мај 2021
ВАТИКАН
Духовниот лидер на католичкиот свет, папата Франциск, кој воедно е и претседател на Ватикан, изрази загриженост поради зголемените тензии по нападите на израелската полиција врз Палестинците што живеат во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Папата се осврна на настаните во Кудс (Ерусалим) по традиционалната неделна литургија во Ватикан.
Тој нагласи дека се моли Кудс да биде место за обединување без насилство.
„Настаните во Кудс ги следам со посебна загриженост“, рече тој.
„Упатувам апел за почитување на мултирелигискиот и мултикултурниот идентитет на овој свет град. Ги повикувам сите на наоѓање заедничко решение со цел да владее братството. Насилството произведува само насилство, и веќе им велам доста на конфликтите“, додаде папата Франциск.