Adem Şalvarcıoğlu
03 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Националниот музеј на Рио де Жанеиро го зафати голем пожар. Станува збор за еден од најстарите и најзначајните бразилски музеи, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот избувна синоќа, а 80 пожарникари сѐ уште се борат со огнената стихија.
Полициските официјални претставници соопштија дека причината за избувнувањето на пожарот ќе биде предмет на истрага, откако пожарот ќе биде ставен под контрола.
Пожарникарот Роберто Робадеј изјави дека наскоро се очекува пожарот да биде ставен под контрола. Во пожарот нема настрадани бидејќи недела е неработен ден.
Националниот музеј во Рио де Жанеиро постои два века, а меѓу повеќето од 20 милиони експонати изложени во него, има и фосили на диносауруси.
„Изгубено е двовековно наследство и знаење“, рече претседателот на Бразил, Мишел Темер.