Ekipa
03 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради експлозија, повеќе од 40 рудари останаа заробени под земја во еден рудник за јаглен којшто се наоѓа близу градот Азадшехр, во покраината Голестан, северен Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
За Иранската новинска агенција (ИЛНА) зборуваше претседателот на спасувачките единици на Црвената полумесечина, Шахин Фетхи, кој соопшти дека експлозијата во рудникот во Азадшехр се случила во попладневните часови.
Фетхи соопшти дека се претпоставува оти по експлозијата, повеќе од 40 рудари останале заробени во рудникот. Спасени се шестмина од нив, кои се префрлени во болница.
Претставникот на Црвената полумесечина изјави дека во спасувачката акција се ангажирани сите сили.
Од друга страна, изјава за медиумите даде еден претставник од покраинските власти, кој рече дека причина за експлозијата е протокот на гас и додаде: „Експлозијата се случи за време на смена на рударите, затоа претпоставуваме дека е голем бројот на рударите што се заробени под земја“.