Ali Cura
12 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
МОСКВА (AA) - Владимир Којин, советник за воено-технички прашања на претседателот на Русија Владимир Путин, изјави дека помеѓу Русија и Турција е потпишан договор за транспорт во Турција, на последниот ракетен систем земја-воздух S-400, јавува Anadolu Agency (AA).
Којин за новинската агенција ТАС рече дека спогодбата за ракетинот систем веќе е спремна за реализација.
„Договорот е потпишан. Се подготвуваме за негово спроведување. Знаете дека ракетиниот систем S-400 е еден од најкомплексните системи кој се се состои од најкомплекси технички елементи", рече Којин.
Истакна дека сите одлуки во врска со спогодбата се донесени во согласност со стратешките интереси на двете земји.
Додаде дека ја разбира реакцијата на одредени западни земји кои вршат притисок на Анкара поради купување на ракетен систем С-400.
На крај, рече и дека многу земји чекаат на ред за спомнатиот ракетен систем.