Ekipa
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
РИЈАД (АА) - Властите на Саудиска Арабија најавија дека од следната година, жените ќе можат да гледаат фудбалски натпревари на три стадиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на Бирото за спорт во Саудиска Арабија, Турки бин Абдулмухсин, соопшти дека се започнати подготовките со цел од наредната година, на трибините на стадионите во Ријад, Џеда и во Дaмам, фудбалските натпревари да можат ги следат цели семејства.
Најавено е дека трибините за семејно следење на натпреварите ќе имаат и други содржини, како ресторани, кафулиња и специјални влезови со метални детектори.
Минатиот месец, на жените во Саудиска Арабија им беше дозволено да полагаат за возачки дозволи и да учествуваат во јавниот сообраќај.