Ahmed al-Masri,Gülşen Topçu
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
РИЈАД (AA) - Министер за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел бин Ахмед Ал-Џубеир, изјави дека подготвија листа на поплаки во врска со Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Според саудиските медиуми, Ал Џубери по состанокот со британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон во Лондон на новинарите им рече дека е составена листа на поплаки.
Исто така, истакна дека наскоро и на јавноста ќе и биде предочена спомнатата листа, не изнесувајќи повеќе детали.
Амбасадорот на Обединетите Емирати (UAE) во Вашингтон, Јусуф Ал Отаиба, рече дека наскоро на Вашингтон ќе му ја проследат листата со барања во врска со Катар.
Министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека неговата земја е спремна да разговара за барањата на земјите кои ги прекинале врските со Доха, додавајќи дека сеуште официјално не им стигнале никакви барања.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (UAE), Египет, Бахерин и Јемен, во понеделник соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот, го затворија воздушниот простор за Катар и наредија дипломатите на Катар да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа. Властите на Јордан исто така, се придружија на Саудиска Арабија и на другите земји и најавија деградација на дипломатски односи со Катар.