Şerife Çetin
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
БРИСЕЛ
Северна Македонија е една од 11 земји членки на НАТО потписничките на иницијативата именувана како „Обука за летање НАТО Европа“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објави НАТО се наведува дека на состанокот на министрите за одбрана на Турција, Северна Македонија, Хрватска, Чешка, Грција, Шпанија, Бугарија, Унгарија, Црна Гора, Португалија и Романија, постигнат е договор за формирање центри за обука на пилоти.
Во соопштението се истакнува дека страните се согласиле за здружување на силите за обука на пилоти за воени авиони, хеликоптери и дронови.
Покрај тоа, се вели дека сојузниците ќе воспостават Европска мрежа на објекти за обука, како надополнување на постојните образовни структури, и се истакнува дека ова е важен показател за споделување на товарот.
Оваа иницијатива, како што се вели во соопштението, во исто време ќе ги намали трошоците, ќе ја зголеми меѓусебната соработка меѓу сојузниците и ќе даде придонес за нивото на подготвеност на воздухопловните сили на НАТО.