Ayhan Şimşek
30 Јануари 2026•Ажурирај: 02 Февруари 2026
БЕРЛИН (АА) – Германскиот синдикат в понеделник ги повика на штрајк работниците во секторот на транспорт низ земјата, јавува Анадолу.
Синдикатот Вер.ди најави дека околу 100.000 вработени во речиси 150 општински претпријатија за јавен транспорт и автобуски превозници ќе се приклучат на штрајкот.
„Вработените во јавните претпријатија за транспорт се изложени на значителен товар поради исклучително неповолните работни часови, работата во смени, како и секојдневната работа под притисок на времето”, изјави во соопштение заменик-претседателката на синдикатот, Кристин Бехл.
Вер.ди преговара во сите 16 германски покраини, главно со претпријатијата за јавен транспорт и автобуските превозници, со цел значително да се подобрат условите за работа. Барањата вклучуваат пократки смени и работни часови, подолги паузи и повисока плата за ноќни смени и викенд.
„Итно ни се потребни подобрувања со цел намалување на губењето работници и привлекување квалификувани работници во јавниот транспорт“, додаде Бехл.
Во Баварија, Бранденбург, Сарланд и Тирингија, синдикатот исто така преговара за повисоки плати.
Според Вер.ди, работодавците досега ги одбиле речиси сите предложени подобрувања во текот на преговорите.