Diyar Güldoğan
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
АНКАРА (AA) – Најмалку осум терористи на ДАЕШ се убиени на северот на Сирија во текот на акцијата која ја изведе турската војска и коалиционите сили предводени од Соединетите американски држави (САД), соопшти турскиот безбедносен извор, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворот, кој разговараше под услов на анонимност, рече дека во два воздушни напади се погодени 31-мета на ДАЕШ, додека пет објекти кои ги користеше ДАЕШ во потполност се уништени во текот на акцијата.
Додаде дека ДАЕШ наводно подготвува да ја нападне Турција од своите положби на северот на Сирија.
Од средината на јануари, проектилите на ДАЕШ за цел ги имаат градовите на југот на Турција, во близина на границата со Сирија. Загина 21 лице, меѓу кои и Сиријци кои избегаа во Турција, додека во тие напади се ранети 70 луѓе.
Во меѓувреме турските борбени авиони спроведуваат воздушни напади на целите на терористите на ПКК во ирачкиот регион Хакурк и провинциите на југоистокот на Турција.
Според извештајот на Генералштабот на турската војска кој што е објавен во сабота борбените авиони во текот на нападите во петок уништија две цели во регионот Хакурк. Во југоисточните турски покраини уништени се 11 цели на ПКК.
ПКК која се карактеризира како терористичка организација од Турција, САД, Европската унија, во јули 2015 година ја продолжи својата 30-годишна војна против турската држава.
Од тогаш, загинаа речици 600 припадници на безбедносните сили, меѓу кои се војниви, полицајци и луѓе од селските стражи, а во операциите ширум Турција и на северот на Ирак убиени се повеќе од 7.700 терористи на ПКК.