Mustafa Melih Ahıshalı
06 Март 2023•Ажурирај: 07 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот во Иран осуди 6 лица на смрт под обвинение дека се членови на сепаратистичкото движење Нидал, пренесува Анадолу.
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека смртните казни им се изречени на Али Муџедем и Мухамед Ризи Мукадем, лидери на движењето Нидал, и на членовите на истата организација Муин Ханфери, Хабиб Дерис, Аднан Габишави и Салим Мусеви.
Станува збор за првостепена пресуда на која осудените имаат право да започнат жалбена постапка.
Движењето Нидал, односно Движењето на арапската борба за ослободување на Ахваз, е основано во 1999 година со цел борба за автономијата на покраината Хузистан, во која претежно живеат Арапи, а за првпат ја презеде одговорноста по немирите во Ахваз 2005 година.
Тоа движење наводно стои и зад нападот и убиството на 25 лица на воената парада што беше изведена во септември 2018 година во Ахваз.