Islam Uddin
31 Декември 2024•Ажурирај: 01 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Најмалку 13 лица се повредени денес кога автомобил влета на пазар во Јужна Кореја, која тагува за смртта на 179 лица кои загинаа во авионската несреќа, јавува Анадолу.
„Возач на околу 70 години удри со својот автомобил на пазарот Мокдонг Ккаеби во југозападен Сеул денес“, објави новинската агенција „Јонхап“.
Четири лица кои се сериозно повредени и девет кои се полесно повредени се префрлени во болница.
Полицијата започна истрага за утврдување на причините за инцидентот.
Во меѓувреме, јужнокорејските власти почнаа да ги предаваат телата на жртвите од авионската несреќа на нивните семејства, откако беа идентификувани 174 од вкупно 179 жртви.
Само две лица ја преживеаја смртоносната авионска несреќа во неделата.