Hatice Kesgin
08 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
МАДРИД (АА) - Тројцата шпански новинари киднапирани од страна на ДАЕШ во Алепо, во месец јули, се ослободени во северниот дел на Сирија, јавуваат шпански медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинарите Антонио Памплиега, Хосе Мануел Лопез и Анхел Састре се ослободени во Алепо по 10-месечно заложништво, објави новинската агенција "EFE".
Весникот "El Pais" објави дека новинарите се префрлени во Турција од каде што ќе заминат за Шпанија.
Во месец јули, Шпанската федерација на новинари објави дека новинарите биле киднапирани од страна на припадниците на ДАЕШ, кои практикуваат киднапирања и егзекуции на странски новинари и хуманитарни работници, а во одредени случаеви групата бара откуп во замена за киднапираните.