Gözde Bayar
17 Ноември 2023•Ажурирај: 17 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Турскaта разузнавачка служба го неутрализираше високорангираниот терорист на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.
„Али Субаши, со кодно име Идрис Серхат, беше таканаречен идеолошки теренски водач на терористичката организација ПКК во северна Сирија“, информираа изворите што сакаа да останат анонимни.
Субаши, кој се наоѓаше на турската потерница, беше еден од првите членови на терористичката организација и беше активен во Туркије, Иран и Ирак.
Тој дејствуваше како висок член во регионот за време на турската антитерористичка операција „Маслинова гранка“ во северна Сирија.
Во изминатите шест години турските сили извршија три успешни антитерористички операции во пограничната зона на северот на Сирија. Операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) ставија крај на терористичката окупација на поширока област на северот на Сирија и го спречија планот на терористите на ЈПГ/ПКК да воспостават терористички коридор.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД.
Во текот на повеќедецениската кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и новороденчиња.