Nilay Kar
31 Август 2017•Ажурирај: 01 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските организации за помош доставија хуманитарна помош за муслиманите во Мјанмар по извештаите за голем број цивилни жртви и раселувања во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Фондацијата за хуманитарна помош (ИХХ) дистрибуираше пакети со храна за 300 семејства. Исто така, испрати шатори за 200 семејства и кујнски прибор (чинии, чаши, садови и кофи) за уште 200 семејства, се вели во соопштението на фондацијата.
Тимовите на ИХХ, исто така, подготвија повеќе пакети со храна и други производи за уште 200 засегнати семејства.
Насилствата избувнаа кога на 25 август, безбедносните сили на земјата започнаа операција против муслиманската заедница Рохинџа. Тоа предизвика нов бран на бегалци кон соседен Бангладеш, иако земјата ја затвори својата граница за бегалците.
Според извештаите во медиумите, безбедносните сили на Мјанмар користат диспропорционална сила, раселувајќи илјадници селани Рохинџа и уништувајќи ги нивните домови со минофрлачи и митралези.
Регионот е сведок на тензии меѓу будистичкото и муслиманското население во Мјанмар откако избувна општо насилство во 2012 година.
Во акцијата за потиснување, која започна во октомври минатата година во Мунгдау, каде што Рохинџите семнозинство, ОН известуваше за кршења на човековите права од страна на безбедносните сили, кои укажуваат на злосторства против човештвото.
ОН документираа масовни групни силувања, убиства – вклучувајќи и бебињата и мали деца – брутални претепувања и исчезнати лица. Претставниците на Рохинџа рекоа дека околу 400 лица се убиени за време на операцијата.