Handan Kazancı
04 Јануари 2019•Ажурирај: 05 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 15 членови на посадата се евакуирани откако денес изби пожар на товарен брод во близина на јужниот брег на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулскиот гувернер Али Јерликаја за АА изјави дека пожарот избил во 6:20 часот по локално време во истанбулскиот округ Пендик, на Мраморното Море.
„Полицискиот брод отиде на местото на настанот, а 15-те членови на посадата се спасени и се однесени во истанбулското пристаниште Картал“, изјави Јерликаја.
Огнот е изгаснат и во тек е процесот на ладење на бродот.
Товарниот брод, кој пристигна од Бејрут, се усидри на 2 јануари на брегот на Пендик. Бродот регистриран во Тогo е во сопственост на турски државјанин, а сите членови на посадата се странци.