Mehmet Şah Yılmaz
15 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Република Турција денес изрази длабока загриженост и најостро го осуди отворањето на амбасадата на Косово во Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се наведува дека лидерите на народот кој претрпе многу болка во борбата за сопствената независност во потполност ја занемарија состојбата во која се наоѓа палестинскиот народ кој е соочен со десетгодишна окупација и тешки кршења на човековите права.
„Лидерите на Косово се однесуваа спротивно на воспоставените параметри на мировниот процес, вклучувајќи ја и резолуцијата на Обединетите нации за статусот на Кудс и ја загрозија надежта за мирот и визијата на решавањето на блискоисточната криза врз база на воспоставување на две независни држави. Ги повикуваме лидерите на Косово да го слушнат гласот на разумот и да се откажат од овој неодговорен и бесправен чекор", се наведува во соопштението.
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти денес дека официјално е отворена Амбасада на Косово во Кудс.
Во соопштението е нагласено дека Амбасадата на Косово во Кудс, отворена е врз основа на Вашингтонскиот договор од 4 септември 2020 година, со кој е формализирано заемното признавање помеѓу Косово и Израел, како и врз база на посветеноста на Владата на Косово кон израелската влада и американската администрација и преземените чекори од 1 февруари.