Atila Altuntaş
14 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
СТОКХОЛМ
Подметнат е пожар во приватното училиште „Алсаламсколан“ во шведскиот град Еребру, во кое учат муслимански деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на училиштето, Хусеин Алдаоди, во изјава за шведската државна телевизија СВТ (SVT) истакна дека на снимките на безбедносните камери се забележува дека две лица подметнуваат пожар во училиштето и додаде дека овие видеоснимки се доставени до полицијата.
„На снимките се забележува како двајца маскирани лица ги кршат прозорците на долниот кат и внатре фрлаат запаливи материи“, рече Алдаоди, додавајќи дека настанот се случил во утринските часови, кога во училиштето немало никој.
Полицијата започна истрага во врска со случајот.