Talha Yavuz
18 Февруари 2022•Ажурирај: 21 Февруари 2022
КИЕВ (АА) ‒ Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, истакна дека оцениле дека е мала можноста за напад од големи размери врз земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Резников во својот говор во украинскиот Парламент ја оцени можноста за напад од страна на Русија.
Министерот Резников, наведувајќи дека Украина ги разгледува сите сценарија и не ја потценува заканата, рече дека можноста за напад од големи размери врз Украина ја гледаат како мала.
Меѓу другото, Резников истакна дека постојано ги набљудуваат руските војници на украинските граници и дека нема повлекување како што тврди Русија.
Исто така, наведе дека вкупниот број руски војници на украинските граници, вклучително воздухопловните, копнените и поморските сили, е приближно 149.000.