Zehra Nur Düz
18 Февруари 2022•Ажурирај: 19 Февруари 2022
АНКАРА
Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) денеска ја одбележува 70-годишнината од приклучувањето на Турција и Грција во своите редови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Честитајќи ја годишнината, НАТО на Твитер објави „На денешен ден пред 70 години, Грција и Турција се приклучија кон НАТО“.
НАТО, исто така сподели видео кое вклучува слики од турски и грчки војници во времето на нивното приклучување во 1952 година.
Видеото ја нагласува важноста на двете нации за безбедноста на јужното крило на Атлантската алијанса.
Турција, исто така ја одбележа годишнината, при што нејзиното Министерство за надворешни работи изјави: „За време на ерата на Студената војна и потоа, Турција беше една од одговорните и водечките членки на Алијансата.“
Министерот за одбрана, Хулуси Акар, оствари видеопорака и рече дека „како втора најголема војска во Алијансата, Турција секогаш ги исполнувала сите свои одговорности кон НАТО и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина“.
„Како сојузници, заедно сме посилни“, додаде тој.
НАТО е меѓувладина воена алијанса сочинета од 27 европски земји, две северноамерикански земји и една евроазиска земја.
Од нејзиното основање во 1949 година, членството во Алијансата се прошири од првичните 12 на 30 земји.