Talha Yavuz
05 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
КИЕВ (АА) - Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, разговараше со шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, за воените активности на Русија на украинската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата објава на Твитер, Кулеба изјави дека во телефонскиот разговор со Борел се осврнале на безбедносната состојба по руските активности на украинската граница.
Истакнувајќи дека ЕУ го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет и стои зад Украина, Кулеба рече дека Борел го поканил на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ што ќе се одржи на 19 април.
- Напнатост на украинско-руската граница -
Во својот говор пред Парламентот на 30 март, украинскиот началник на Генералштабот, Руслан Хомчак, соопшти дека Руските вооружени сили испратиле трупи на границите на Украина под изговор дека ќе бидат реализирани воени вежби.
Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија ги придвижува своите воени сили на својата територија по сопствено мислење и дека тоа не претставува закана за никого.