Nour Mahd Ali Abu Aisha,Mahmut Geldi
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ГАЗА (АА) - Хамас ја осуди изјавата на израелската министерка за социјални работи, Гила Гамлиел, дека Синајскиот Полуостров е најдоброто место за создавање палестинска држава“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Хамас, Сами Ебу Зухри, во писмено соопштение ја осуди изјавата на израелската министерка, при што истакна: „Местото на палестинската држава е само на палестинската територија“.
Ебу Зухри нагласи дека се солидаризира со Египет против секоја иницијатива и проект што ќе нанесе штета на сувереноста на Синајскиот Полуостров или кое било место од територијата на Египет.
Вчера, за израелски телевизиски канал во Каиро, каде што престојуваше за да учествува на една конференција, Гамлиел изјави дека Синајскиот Полуостров е најдоброто место за создавање палестинска држава.
По оваа изјава реагираше египетскиот министер за надворешни работи, Самих Шукри, кој рече дека Египет ги отфрла сите изјави во врска со суверенитетот на територијата на Египет, особено Синајскиот Полуостров. „Египет нема да прави компромис ниту за една мала територија во Синај, и нема да дозволи никој да го напаѓа тоа место“, додаде тој.