Hajer M'tırı
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
СТРАЗБУР (АА) - Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, изјави дека неодамнa склопениот договор помеѓу Турција и ЕУ ги почитува меѓународните норми, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето денешно обраќање на пленарната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, Јункер рече дека „дoговорот помеѓу ЕУ-Турција ги почитува меѓународните норми, при што планот почнува да функционира”.
Тој додаде дека „не е среќен” со критиките упатени кон ЕУ дека таа ги „напушта своите вредности” во врска со мулти-милионскиот договор со Турција.
Тој исто така изјави дека Турција мора да ги исполни сите критериуми со цел да направи напредок во барањето за безвизен режим за своите жители во Европа.
„Турција мора да ги исполни сите услови на Комисијата за да може да го усвои предлогот во наредните месеци... Ние не ги намалуваме критериумите за визна либерализација за Турција”, рече тој.
Јункер, во Стразбур ќе се состане со турскиот премиер Ахмет Давутоглу за понатамошна дискусија околу договорот.
Вчера, Давутоглу предупреди дека од Турција не може да се очекува да се држи до своите обрвски, доколку безвизниот режим не се реализира до јуни.
Договорот вклучува враќање на „нелегалните мигранти” од Грција во Турција, во замена, сириските бегалци да бидат преселени во земјите од ЕУ. Програмата на преселување започна на почетокот од овој месец.
Минатата недела, турскиот министер за ЕУ, Волкан Бозкир, изјави дека очекува безвизниот режим да стапи на сила до јуни.