Husameddin Gina
12 Октомври 2018•Ажурирај: 13 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) – На денот на јубилејот 25 години од фудбалската репрезентацијата на Македонија, избраниците на селекторот Игор Англековски, утревечер во 20:45 часот на Националната Арена „Филип Втори”, ќе го играат својот трет меч во Лигата на нации, втор како домаќин, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешната прес-конференција, селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, истакна дека дека фудбалерите максимално ќе мора да го сфатат противникот, иако во минатото лесно го победувале.
„Очекувам максимално издание на нашите фудбалери. Она што како задача ќе им биде дадено да го извршат максимално. Овој дуел е многу значаен за нас. Никогаш во мојата кариера не размислувам за наредните мечеви, сега ми е најважен Лихтенштајн. Ги имаме сите потребни информации за противникот, ни следи различен меч од оној од квалификациите за СП 2018“, истакна Игор Ангеловски.
- Пандев: Никогаш сме немале подобра атмосфера и желни сме за победа
На прес-конференцијата се обрати капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев кој потенцира дека сака триумф над Лихтенштајн и успешен настап во Лигата на нациите, преку која ќе се брка пласман на ЕП 2020.
„На натпреварот со Лихтенштајн ќе славиме 25 години јубилеј од првата средба. Се надевам дека ќе прославиме со победа. Никогаш сме немале подобра атмосфера и желни сме за победа. Со нетрпение го очекуваме овој меч. Се надевам дека публиката ќе дојде во поголем број од дуелот со Ерменија и дека преку овие квалификации ќе успееме да се избориме за едно Европско првенство, кое ќе донесе радост, не само за нас, туку и за целата држава", истакна Пандев.
Македонија во моментот е лидер во својата група Лигата на нациите со две победи од исто толку натпревари. Покрај мечот со Лихтенштајн утре на домашен терен, репрезентацијата на Македонија во вторник ќе гостува во Ерменија.
Македонија досега седум пати досега играла со Лихтенштајн, победила шест пати, еднаш било нерешено. Вкупната гол разлика е 27-4, од тоа на домашен терен 10-1 (3-0, 3-1 и 4-0).