Murat Paksoy
05 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Општинскиот совет за јавно здравје во Истанбул одлучи Големата награда на Формула-1 ДХЛ на Турција да се одржи без гледачи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во рамки на напорите во борбата против епидемијата на коронавирусот и во согласност со препораката на пандемискиот одбор на Истанбул, Големата награда на Формула-1 ДХЛ на Турција ќе се одржи без гледачи“, се нагласува во изјавата на Гувернерството на Истанбул", се вели во соопштението од Гувернерството на Истанбул.