Zylfije Adem Jakupi
05 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Селекторот на косовската фудбалска репрезентација Бернар Шаланд изјави дека натпреварот со Северна Македонија во полуфиналето од „плеј-офот за квалификациите за Европското првенство ќе биде тежок, бидејќи екипата се соочува со низа проблеми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фудбалската репрезентација на Косово овој месец ја очекуваат низа натпревари, а првиот е на 8 октомври во Скопје во баражот за пласман на Европското првенство, ЕУРО 2020. Поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), натпреварот ќе се игра пред празни трибини.
Селекторот Шаланд на конференцијата за медиуми пред напреварот со Северна Македонија, како и пред натпреварите во рамките на Лигата на нациите Ц, истакна дека неговата екипа има неколку проблеми од различна природа и дека натпреварите не ги дочекува во најдобра ситуација.
„Имаме проблем со некои играчи. Некои играчи се повредени, но имаме проблеми и од друга природа како што е проблемот со Амир Рахмани, но во постојан контакт сме со ФИФА, бидејќи на крајот право на пуштање или задружување играчи има ФИФА. Од постојаниот контакт кој го имав, пет минути пред оваа конференција, ситуацијата делува попозитивно, иако Наполи (тимот во кој Рахмани игра) одлучил да ги стави во карантин сите членови на првиот тим на Наполи, вклучувајќи ги фудбалерите и теренскиот персонал, но оваа одлука воопшто не може да се смета за конечна, бидејќи даваме се од себе Рахмани да му се придружи на тимот", рече Шаланд.
Освен Амир Рахмани, централниот дефанзивец и капитен на екипата, Челандес рече дека е песимист и во врска со опоравувањето од повреда на Ведат Муруќи, кој неодамна е во италијанскиот Лацио.
„За Ведат Муриќи мораме да причекаме до вторник наутро за да би можел да изврши некои тестови кои ги има во Лацио, за да би ја видел неговата ситуација и колку бргу може да дојде до напредок во неговата физичка ситуација, а потоа ќе имаме одлука. Но, јас сум песимист во поглед на можноста од опоравување од неговата повреда", рече косовскиот селектор.
Тој додаде дека Косово има доволно играчи за наредните три меча и дека по мечот со Северна Македонија ќе бидат преземени и некои играчи од У-21, било за подготовки или за натпреварите.
Полуфиналниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и Косово требаше да се игра на 26 март, но е одложен поради Ковид-19. Победникот за пласман на Европското првенство ќе игра против подобриот од дуелот Грузија - Белорусија.