Fatjon Cuka
23 Март 2019•Ажурирај: 23 Март 2019
СКАДАР (АА) – Фудбалската репрезентација на Турција победи против репрезентацијата на Албанија во мечот од квалификациите за Европското првенство 2020 кој се одигра во албанскиот град Скадар, јавува Аnadolu Agency (AA).
Натпреварот заврши со резултат 0-2, каде Турција обезбеди првите три бода во квалификациите на ЕП.
Првиот гол го постигна Бурак Јилмаз во 21.минута од натпреварот кој се одигра во стадионот Лоро Боричи.
Во второто полувреме од дуелот, односно во 55. минута вториот гол од турската репрезентација го постигна Хакна Чалханоглу, со тоа што натпреварот заврши со победа на Турција против Албанија со резултат 2-0.
Судиите на натпреварот беа Тобиас Штилер од Фудбалската федерација на Германија, и неговите помошници Мајк Пикел и Кристиан Гителман.
Во квалификациите за Европското првенство 2020, Албанија и Турција се наоѓаат во група Х заедно со Франција, Исланд, Молдавија и Андора.
Албанија на 25 март ќе игра против Андора, додека Турција против Молдавија.