Admir Fazlagic
05 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
СТРУМИЦА (АА) - Откако првото полувреме заврши без голови, реперзентациите на Македонија и Албанија започнаа да играат поофанзифен фудабал што придонесе и двете репрезентации да дојдат до погодок, јавува Anadolu Agency (AA).
Првото полувреме од квалификацискиот натпревар од циклусот за Светско првенство 2018 помеѓу репрезентациите на Македонија и Албанија што се игра на стадионот „Младост“ во Струмица заврши без голови, додека во вториот дел од натпреварот и двете репрезентации се отворија и дојдоа до погодок.
Најпрвин до гол дојде репрезентацијата на Албанија преку погодокот на Одисе Роши во 53. минута од натпреварот, а потоа играчите на Макеоднија играа поотворено и понапаѓачи, се изборија за пенал и во 78. минута Алексадар Трајковски шутираше прецизно и постигна гол од белата точка.
Македонија последниот меч на домашен терен со Албанија го одигра во 2011 година во Прилеп кој заврши без голови (0-0). Досега, двете репрезентации имаат одиграно девет средби, а позитивниот скор е на страната на Македонија, која има четири победи. Три натпревари завршија без победник, додека репрезентацијата на Албанија успеала да победи двапати.
Последната победа на Македонија над Албанија е во 2007 година, кога на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар, Македонија успеа да слави со 1-0.