Admir Fazlagic
12 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Македонската фудбалска репрезентација остана на 162. место на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА) објавена денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Од репрезентациите што се заедно со Македонија во квалификациската група за СП 2018, најдобро котира Шпанија (10.место), Италија е 16., Албанија 51., Израел се најде на 55. место, а најслабо пласиран е Лихтенштајн, кој е на 188. место.
Најдобро пласирана селекција од земјите на Западен Балкан е Хрватска, која ја задржа 14. позиција (1.103 бода). Од останатите репрезентации на државните од регионот, Србија падна за едно место во однос на минатомесечната листа и сега е на 45. место (647 бода), Словенија е на 52. (616), Црна Гора (549), Македонија 162. место (142) и Косово 166. (135).
Според најновата ранг-листа, лидер е Аргентина, пред Бразил и Германија, а во првите 10 уште се и: Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.