Islam Doğru
12 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
ЊУЈОРК
Британката Ема Радукану е новата шампионка на тенискиот турнир Отворено првенство на САД во женска конкуренција, совладувајќи ја во финалето Канаѓанката Лејла Ани Фернандез со 2:0, по сетови 6:4 и 6:3, известува Агенција Анадолија (АА).
Победничка во финалето на тенискиот грен слем турнир во женска конкуренција, што се играше во Њујорк, САД, е 18-годишната британска тенисерка Радукану.
Во натпреварот што се играше пред голем број гледачи, Радукану го освои првиот сет против 19-годишната Фернандез со 6:4, а вториот со 6:3 и стана новата шампионка на Отвореното првенство на САД во женска конкуренција.
Радукану, која се наоѓа на 150. место на светската ВТА ранг-листа за тенисерки, стана втората британска тенисерка што има победено на УС Опен, по Вирџинија Вејд, која го освои Отвореното тениско првенство на САД во 1977 година.
Радукану со победата во финалето во женска конкуренција, покрај трофејот, освои и парична награда во висина од 2,5 милиони долари, додека финалистката Фернандез е наградена со 1 милион 250 илјади долари.
Вечерва со почеток во 22:00 часот се игра финалето на УС Опен во машка конкуренција, во кое се среќаваат Србинот Новак Ѓоковиќ и Русинот Данил Медведев.