Bedrudin Brljavac
12 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
ИСТАНБУЛ
Во Истанбул, Турција, денес се одржа познатиот „Орал Б“ триатлон на Босфорот, на кој учествуваа голем број натпреварувачи, известува Агенција Анадолија (АА).
Околу 500 триатлонци прво пливаа преку Босфорот во должина од 2.300 метри.
Потоа со велосипеди преминаа делница од 40 километри, а натпреварувањето го завршија со трчање на релацијата во должина од 10 километри.
Триатлон е атлетско натпреварување што во себе содржи три различни дисциплини. Најчесто под триатлон се подразбира спортско натпреварување во дисциплините пливање, велосипедизам и трчање.
Натпреварувачот мора во текот на трката да ги измине однапред зададените делници пливајќи, возејќи велосипед и трчајќи според однапред зададен распоред.