Kemal Zorlak
12 Мај 2023•Ажурирај: 12 Мај 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во првите дуели од полуфиналето на УЕФА Лига Европа синоќа Јувентус и Севилја во Торино одиграа без победник 1:1, додека во вториот натпревар Рома со 1:0 го совлада Баер Леверкузен, известува Анадолу.
На средбата што се одигра на стадионот Алианз Арена во Торино, силите ги одмерија Јувентус и Севилја. Гостите поведоа со погодокот на Јусеф ен Несири во 26. минута од првото полувреме. Кога сите очекуваа судијата да отсвири крај на средбата, Фредерико Гати во судиското продолжение 90 + 7 минута постигна гол за 1:1 и го спаси Јувентус од пораз на домашен терен.
Во втората средба Рома на стадионот Олимпико го пречека Баер од Леверкузен. Првото полувреме заврши без погодоци, а во второто полувреме Рома успеа да поведе со 1:0 благодарение на погодокот што го постигна Едоардо Бове во 63. минута од средбата.
Реванш средбите од полуфиналето се закажани за 18 мај, а финалето на Лига Европа ќе се игра на стадионот Пушкаш Арена во Будимпешта на 31 мај.