Elvir Hociç
14 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Луис Хамилтон е победник на денешната трка на Формула 1 која се возеше во Барселона за Големата награда на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Второто место го освои Себастијан Фетел од Ферари, трет низ целта мина Даниел Рикардо од Ред Бул. Одличен настап кај Барселона имаа пилотите на Форс Индија, Серхио Перез и Естебан Окон со пласман на четвртата, односно, петтата позиција. Шести беше пилотот на Рено, Нико Хулкенберг пред Карлос Сајнц јуниор од Торо Росо.
Хамилтон во автомобилот на Мерцедес целната линија ја премина за само 3,4 секунди пред неговиот ривал од Ферари, Себастијан Фетел.
Германците Фетел и Хамилтон ја продолжуваат тесната трка за титулата, а моментално Фетел сега води со 104 поени пред сонародникот Хамилтон, кој има 98 поени.
Следната шеста трка од сезоната на програмата e на 28 мај во Монте Карло.