Abdulkadir Karakaya
07 Април 2021•Ажурирај: 08 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Синоќа во рамките на четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, Реал Мадрид на домашен терен го совлада Ливерпул со 3:1, известува Агенција Анадолија (АА).
Во најпрестижното фудбалско клупско натпреварување на Европа, Лигата на шампиони, шпанскиот клуб Реал Мадрид на Стадионот „Алфредо ди Стефано“ го пречека англискиот претставник Ливерпул.
Реал Мадрид, кој добро го започна натпреварот, веќе во 27. минута преку Винисијус Жуниор поведе со 1:0. Во 36. минута Реал го зголеми водството на 2:0 благодарение на погодокот што го постигна Марко Асенсио. Додека Ливерпул ниту еднаш не упати шут кон противничкиот гол во првото полувреме, Реал замина во соблекувалните со предност од 2 гола.
Второто полувреме англискиот претставник го започна со притисок врз голот на домаќините и веќе во 51. минута преку Мохамед Салах го намали резултатот на 2:1. Но радоста на гостите не траеше долго, бидејќи Винисијус Жуниор во 65. минута го постигна својот втор погодок за конечните 3:1.
Реванш-средбата е закажана за 14 април (среда), а натпреварот ќе се игра на Стадионот „Енфилд“ во Ливерпул.
Во вториот натпревар од четгвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, англискиот претставник Манчестер Сити на Стадионот „Итихад“ го пречека германскиот претставник Борусија Дортмунд.
Сити веќе во 19. минута поведе со 1:0 со погодокот на белгиската фудбалска ѕвезда Кевин де Бројне. Со овој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел од натпреварот во кој и двата тима прикажаа рамноправна игра, Борусија Дортмунд преку Марко Ројс во 84. минута го изедначи резултатот на 1:1.
Манчестер Сити не се предаде и во 90. минута, по додавањето на германскиот интернационалец со турско потекло, Илкај Ѓундоган, Фил Фоден ги постави конечните 2:1 за да донесе победа на домаќините.
Реванш-средбата меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити ќе се игра на 14 април (среда) на Стадионот „Вестфалија“ во Дортмунд.
Денес на програмата се преостанатите две средби од четгвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони. Се среќаваат Баерн Минхен - Париз Сен Жермен и Порто - Челзи. Двата натпревари почнуваат во 21:00 часот.