АНКАРА
Турција потполно е фокусирана да ги штити своите права во Источен Медитеран. Либија и Егејското море, рече претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на церемонијата на заедничкото отворање на заврши проекти, Ердоган во црноморската област Ризе рече и дека Турција е фокусирна и на запирање на терористичките групи во Сирија и на северот на Ирак.
Од 2016 година, Турција покрена неколку прекугранички антитерористички операвии во Сирија и Ирак, за да ги елиминира терористите на ЈПГ/ПКК кои планираат напади против Турција и се обидуваат да воспостават терористички коридори.
Во текот на кампањата на теророт која против Турција трае подолго од 30 години, ПКК кои се на листата на терористичките организации на Турција, САД и ЕУ е одговорна за смртта на речиси 40.000 цивили, вклучувајќи жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
„Моментално сме фокусирани на остварување на правата и интересите на нашата земја на сите полиња на највисокото можно ниво ширум светот", рече Ердоган.
Наведе и дека земјата се бори против новиот тип на коронавирусот,а воедно работи и на јакнењето на турската економија.
Кога станува збор за Источниот Медитеран, Турција претходно оваа недела продолжи со енергетските истражувања во Источен Медитеран откако Грција и Египет го потпишаа контроверзниот договор за поморски ограничувања.
Договорот следуваше ден откако Анкара соопшти дека ќе ги пролонгира истражувањата на нафтата и плин, како знак на добра волја.
Откако грчко-египетскиот догово го прогласи за ништовен и нелигитимен, Турција даде овластувања бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис" да ги продолжи своите активности во зоната во рамките на континеталниот појас на таа земја.
Бродот ќе ја продолжи двомесечната мисија до 23 август, заедно со бродовите „Џенгиз Хан" и „Атаман"
Ердоган рече дека единствено решение на несогласувањата лежи во дијалогот и преговорите и ја повика Атина да ги почитува правата на Турција.