Hanife Erdinç,Mehmet Yavaş
20 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
ЧАНАКАЛЕ (АА) - Во ноќта од сабота на недела спасен е 51 мигрант кој со чамец се обиде на илегален начин да отиде од местото Ајваџик, провинцијата Чанакале, на северозападот на Турција во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дознава новинарот на АА од Иран, Авганистан, Бурма и од Тибет, се обидоа со чамец на надувување на отидат на грчкиот остров Лезбос.
Чамецот по одредено време пловидба започна да ја пропушта водата, по што екипите на крајбрежната стража мораше да интервенираат.
Спасените мигранти пратени се во локалниот Центар за странци за да бидат депортирани во матичните земји.
Од друга страна за време на редовната патрола на копнениот простор на местото Ајваџик приведен и е 71 мигрант по потекло од Сирија и Авганистан, кој на илегален начин се обиде да отиде во Грција, како и девет лица за кои се сомнева дека криумчареле луѓе.
Одземени се и чамецот, моторот за чамецот како и поголемиот број елеци за спасување.