Hamdi Çelikbaş,Cankut Taşdan
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
АНКАРА (AA) - Во антитерористичка акција во главниот град на Турција, Анкара, уапсени се 29 осомничени за членство во терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу уапсените се наоѓаат и странски државјани. Во акцијата, која започна во утринските часови, учествуваа околу 500 полицајци.
Државното обвинителство во Анкара издаде налог за апсење на 46 сомнителни лица. Како што дознава АА, досега се уапсени околу 29 осомничени.
Во текот на акцијата се запленети и некои предмети, а кај некои се пронајдени и планови за напади во текот на новогодишните празници. Исто така, запленети се и некои документи на организацијата како и дигитален материјал.
Во текот на рацијата на една адреса во Мамак осомниченото лице се обиде да избега, скокајќи од балконот. Меѓутоа, лицето набргу беше уапсено.