Halil Demir
19 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Истанбул се фатени 40 странски државјани во операција против терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Директоратот на истанбулската полиција, одделите за разузнавање и борба против тероризмот и екипите на полициската станица во Фатих започнаа акција во рамките на борбата против ДАЕШ во населбата Фатих.
Екипите ги лоцираа адресите на странските државјани, кои се сомничат за поврзаност со терористичката ДАЕШ.
Во истовремена акција на вкупно 23 адреси, приведени се 40 државјани од различни држави, меѓу кои Азербејџан, Иран, Ирак и од Авганистан.
Во операцијата се запленети многу документи и дигитална опрема.
Во текот на полициската истрага, која сѐ уште трае, утврдено е дека некои од осомничените неколкупати учествувале во судирите во Сирија.