Tuba Şahin
30 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
АНКАРА
Бруто домашниот производ (БДП) на Турција се зголеми за 7,4 отсто во третиот квартал од 2021 година во споредба со истиот период минатата година, објави денес Турскиот статистички институт (TurkStat), јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупната вредност на произведените стоки и дадените услуги по тековни цени изнесуваше 1,9 билиони турски лири (225,5 милијарди долари) во периодот јули-септември, соопшти ТуркСтат.
Бројката, сепак, беше под пазарната прогноза бидејќи група од 18 економисти анкетирани од Агенција Анадолија, минатата недела прогнозираа просечен годишен раст од 8,1 отсто во третиот квартал.
Економистите, исто така, проценија дека годишниот БДП на Турција во 2021 година ќе порасне во просек за 10 отсто.
Споредено со претходниот квартал, БДП на Турција е зголемен за 2,7 отсто во третиот квартал.
Турската економија во вториот квартал годинава се зголеми за 21,7 отсто.