Zafer Fatih Beyaz
16 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
АНКАРА
АНКАРА - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа видео-конференциска средба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за комуникации на Турција, на средбата Ердоган и Меркел разговарале за регионални прашања, првенствено за Источен Медитеран и Либија.
Меѓу другото станало збор за билатералните односи меѓу двете земји, борбата со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) и чекорите што ќе се преземат по периодот на пандемијата.