Zehra Nur Düz
06 Октомври 2022•Ажурирај: 07 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Во текот на изминатите два дена уште 13 брода ги напуштија украинските пристаништа според Договорот за извоз на жито во Истанбул, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството не е наведена точката на поаѓање на бродовите.
Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и Обединетите нации за надгледување на испораките.
Откако првиот брод на 1 август ја напушти Украина, според договорот, досега украинските пристаништа ги напуштија над 260 брода со повеќе од 6 милиони тони земјоделски производи.