Sertaç Bulur
16 Декември 2021•Ажурирај: 17 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Во антитерористичка операција во југоисточната област на Турција, Мардин, е неутрализирана барана терористка, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бараната терористка, идентификувана како Дениз Орак, со кодно име „Хира“ и пет други терористи се неутрализирани во операции на силите на обласната жандармерија, поддржани од воздух, како дел од операцијата „Ерен зима-8“ од 12 до 15 август“, истакна Министерството.
Орак беше на зелената листа на барани терористи на турското Министерство, со награда за нејзино фаќање во износ од 2 милиони турски лири (околу 129.500 долари).
Листата е поделена во пет категории означени со бои, црвена, во која се наоѓаат најбараните терористи, потоа сина, зелена, портокалова и сива.
Според соопштението, терористката била одговорна за огранокот на терористичката организација ПКК во областа Мардин, ЈПС.
Се наведува дека бараната терористка исто така учествувала во многу терористички напади во источната област Ерзурум, додавајќи дека била една од извршителите на терористичкиот напад на 2 август 2019 година, во кој загина наредникот на жандармеријата, Мухамед Ата Киратли.
Оваа година Турција ја покрена серијата операции „Ерен“, именувана по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од ПКК во август 2017 година, за елиминирање на терористите во источните и југоисточните области на земјата.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња.