Burak Dağ
20 Декември 2020•Ажурирај: 20 Декември 2020
АНКАРА/ГАЗИАНТЕП
Во пожарот на Одделот за интензивна нега во приватна болница во Турција настрадаа 11 лица, соопшти Обвинителството во Газиантеп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот се случи околу 4:45 часот по локално време во саботата на Одделот за интензивна нега за Ковид-19 при Универзитетската болница САНКО во Газиантеп.
Пожарот е предизвикан од експлозија на респиратор. Единаесет пациенти, заразени со Ковид-19, преместени се во блиските болници.
„Последиците од пожарот ги почувствуваа 51 лице, вклучувајќи медицински персонал, лекари, медицински техничари, чувари и друг персонал, додека ги преместуваа пациентите“, соопшти претходно болницата со напомена дека е започната истрага.
Во соопштението на Обвинителството се наведува дека двајца обвинители и стручниот одбор се на терен и дека водат истрага во врска со причините за пожарот.
Министерот за здравство, Фахретин Коџа, рече дека властите внимателно го следат расветлувањето на овој случај.