Serdar Açıl,Cemil Murat Budak
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
АНКАРА
Најмалку 43 припадници на ФЕТО се приведени во Турција, откако беа издадени налози за приведување на 100 лица под обвинение за поврзаност со оваа терористичката организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се верува дека осомничените се високи оперативци на ФЕТО кои биле дел од напорите на терористичката организација да се инфилтрира во Генералната команда на турската жандармерија, се вели во соопштението на јавното обвинителство во Анкара.
Лицата беа идентификувани преку заеднички операции на турската полиција и Националната разузнавачка организација (МИТ).
Во рациите спроведени во 40 турски области и во главниот град Анкара досега се приведени 43 осомничени, се додава во соопштението.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а ранети беа 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок во Турција преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.