Serdar Açıl
20 декември 2015•Ажурирај: 20 декември 2015
АКНАРА (АА) - Претседателот на Партијата на правдата и развојот (АК партија) и премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу изјави дека Турција ја затвора темната ера и започнува светла ера, авува Anadolu Agency (AA).
"Во изминатите 13 години, ние, заедно со нашиот народ, ја затворивме темната ера и започнавме една светла ера".
Турскиот премиер, говорејќи на Конгресот на подмладокот на АК партијата додаде дека после немирите и кризите Турција е земја која се развива и во која има повеќе слобода.
„Турција, која се занимаваше со кризи, немири и конфузија замина, родена е Турција која расте со напредок, е послободна и се развива. Освен тоа што најдовме решенија за проблемите на земјата, ги отстранивме и политичките мислења кои претставуваа проблем за оваа земја. Една економија која беше речиси на дното стана на нозе и сега руши рекорди над рекордите. Нашата демократија е зајакната. Ги деактивиравме сите обиди на оние кои не го почитуваат гласот на народот, како државниот удар и тоталитарното владеење. Од држава затворена во својата внатрешност стигнавме до Турција која е во секој ќош на светот, го кажува својот збор и држава чиј збор се слуша".