Sorwar Alam,Sena Güler,Cansu Dikme
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган во вторник изјави дека Истанбулскиот канал , по примерот на Суецкиот и Панамскиот канал, ќе биде светски бренд, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на обраќањето во Истанбул на церемонијата на претставување на кандидатите на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) за престојните избори во Турција, Ердоган нагласи дека проектот на Истанбулскиот канал во голема мерка ќе го растерети Босфорот.
Пловниот канал, долг 45 километри, ќе го поврзува Мраморното и Црно море, а би требало да биде завршен до 2023 година.
Ердоган нагласи дека е целта да се намали ризикот поврзан со превозот на опасен товар во Босфорот, нагласувајќи дека станува збор за стратешки развоен проект.
Истакна дека Турција и во наредните години ќе продолжи со економски раст, изразувајќи надеж дека оваа година ќе привлече околу 40 милиони туристи, додека во наредниот период е цета да се привлечат 50 милиони туристи годишно.
„Веќе знаете како изгледа Истанбул, а на 29 октомври ќе го видите новиот Истанбул",рече Ердоган, потсетувајќи на денот кога ќе биде отворен долго очекуваниот трет аеродром во Истанбул.
„Станува збор за аеродром со капацитет од 90 милиони патници дневно", рече турскиот претседател, додавајќи дека целиот свет ќе биде воодушевен од новиот аеродром.