Ferdi Türkten
31 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
АНКАРА (АА) - Заврши процесот на гласање на локалните избори во Турција за избирање на локалните раководители кои ќе добијат мандат од 5 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Процесот на гласање на локалните избори заврши во сите градови ширум Турција. Според одлуката на ЈСК, во 32 града гласањето се одвиваше од 7:00 до 16:00 часот по локално време, додека во останатите градови и места гласањето се одвиваше од 8:00 до 17:00 часот по локално време.
Според одлуката на Високиот изборен совет на Турција (ЈСК), на овие избори учествува 12 политички партии. Главната изборна трка ја водеа владејачката Партија за правда и развој (АK Parti), опозициската партија Републиканска народна партија (CHP), Партијата на национално движење (MHP), Партијата Добро (IYI) и Демократска партија на народите (HDP).
Преостанатите седум партии кои учествува на изборите се Независната турска партија (BTP), Партијата на големо единство (BBP), Демократската партија (DP), Демократската левичарска партија (DSP), партијата Саадет (Saadet), Комунистичката партија на Турција (TKP) и партијата Ватан.
Болните и неподвижните гласачи гласаа на мобилни гласачки места кои првпат беа применети во Турција на минатогодишните претседателски и општи избори.
Гласачите во Турција денес гласаа за избирање на кандидати за градоначалници, претставници на локалната власт (мухтари), членови на општинските совети, членови на обласни генерални собранија, членови на селски комисии и селски собранија.
Радиостаниците и другите медиуми до 18:00 часот по локално време не ќе може да објавуваат вести, прогнози и коментари за изборите, како и за резултатите на изборите.
Радиостаниците и другите медиуми во периодот од 18:00 до 21:00 часот ќе може да објавуваат вести и соопштенија на Врховната изборна комисија на Турција (YSK) во врска со изборите.
Дозволени се сите емитувања по 21:00 часот по локално време, а со евентуална одлука на Комисијата, врз основа на Уставот и изборните закони, вестите и соопштенијата во врска со изборите ќе може да се емитуваат и пред 21:00 часот.