Cemil Murat Budak,Tanju Özkaya
31 Декември 2020•Ажурирај: 01 Јануари 2021
АНКАРА
Во Турција се фатени 13 од 15 осомничени против кои е издаден налог за приведување во рамки на истрагата против терористичката организација ДЕАШ спроведена од страна на Републичкото главно обвинителство во Анкара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на ова обвинителство, издаден е налог за приведување на 15 осомничени кои во рамки на техничко и физичко следење, е откриено дека имале контакт со припадници на терористичката организација ДЕАШ.
Од 15 осомничени против кои е издаден налог за приведување, фатени се 13 осомничени лица.
Тимовите на Дирекцијата за борба против тероризмот во Анкара продолжуваат со операции со цел фаќање на осомничените.