İlkay Güder
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, им се заблагодари на Ерменската патријаршија и Еврејската заедница во Турција како и на другите верски организации кои пружија поддршка на Турција во офанзивата „Маслинова гранка“, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин на Твитер (Twitter) сподели пораки до Ерменската патријаршија и Еврејската заедница во оваа земја, како и до другите верски заедници, кои ѝ упатија поддршка на Турција во врска со покренатата офанзива „Маслинова гранка“.
„Верските фондации, Ерменската патријаршија во Турција, Еврејската заедница во Турција се со нашата војска и држава. Им се заблагодаруваме на тоа. Овој дух на единство и заедништво е наша најголема сила“, порача Калин.
Вооружените сили на Република Турција (TSK) во саботата ја покренаа офанзивата „Маслинова гранка“ во подрачјето на Африн, во северниот дел на Сирија, чија цел е да се елиминираат терористичките елементи ПЈД/ПКК.