Mehmet Tosun
23 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе престојува во работна посета на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека претседателот на република Турција, Реџеп Таип Ердоган, и Меркел, ќе разговараат за билатералните односи на двете земји.
На состанокот ќе се разговара и за чекорите за јакнење на соработката, за односите на Турција и Европската Унија, процесот на пристапување, ревидирање на Царинската унија и за безвизниот режим.
Меѓу темите за кои ќе стане збор се и регионалните и меѓународните прашања, меѓу кои се и случувањата во Либија и Сирија.
Ердоган и Меркел треба да присуствуваат и на отворањето на новите простории на Турско-германскиот универзитет.